Достапни линкови

Ердоган ќе се состане со курдски лидери во Европа


Турскиот премиер потврди дека владини претставници лани се сретнале со претставници на курдските бунтовници во Европа.
Тајните разговори се појавија во медиуми откако некои сајтови објавија аудиозаписи од средбата во Осло.
ТРТ денеска го цитираше Реџеп Таип Ердоган кој изјави дека е почната истрага како записите дошле во јавност.
Минатата година Турција потврди за контакти на државни претставници и лидерот на курдските бунтовници Абдула Оџалан кој е во затвор, но за првпат се потврдува за средби со бунтовнички лидери вон државата.
XS
SM
MD
LG