Достапни линкови

Признание и награда за македонските шкорпиони во Авганистан


Министерот за одбрана Фатмир Бесими денеска во Штип најави дека војниците кои учествуваа во одбраната на командата на мисијата ИСАФ во Кабул ќе бидат наградени и ќе им се оддаде посебно признание.
- Иницијативата е заедничка со претседателот на Македонија како врховен командант на оружените сили на Македонија и со началникот на Генералштабот, изјави Бесими на денешната свеченост по повод Денот на Првата механизирана пешадиска бригада во касарната „Јане Сандански“ во Штип.
Началникот на Генералштабот на АРМ Горанчо Котески рече дека шкорпионите од оваа единица повторно ја потврдуваат подготвеноста на нашата армија во учеството во мировните мисии.
XS
SM
MD
LG