Достапни линкови

logo-print

Српски пратеници не успеаја да влезат на Косово


Јариње 16.09.2011

Јариње 16.09.2011

Пратеници во Собранијата на Србија и Војводина од редовите на опозициската националистичка Српска радикална партија денеска има несупшен обид да влезат од Србија во Косово преку преминиот „Јариње“.
- „Наидовме на железна ограда со бодликава жица, зад која се гледаа воени возила на КФОР“, изјави шефот на пратеничката група на СРС во српското Собрание, Драган Тодоровиќ.

Според Тодоровиќ, нивна цел е да ги поддржат косовските Срби и да покажат дека немаат намера да се помират со отцепувањето на Косово.

Еулекс пак денеска соопшти дека почна да го спроведува договорот постигнат во дијалогот меѓу Белград и Приштина. Портпаролот на Европската комисија Маја Кочијанчиќ наведе дека царинските работи на премините Брњак и Јариње ќе ги извршуваат стручни цариници на Еулекс, во присуство на косовските цариници.
XS
SM
MD
LG