Достапни линкови

ЕК: цариници на Косово и Еулекс на Брњак и Јариње


EU -- Maja Kocijancic, a spokeswoman for EU's foreign affairs chief, undated

EU -- Maja Kocijancic, a spokeswoman for EU's foreign affairs chief, undated

Еулекс почна да го спроведува договорот постигнат во дијалогот меѓу Белград и Приштина. Ова го изјави портпаролот на Европската комисија Маја Кочијанчиќ наведувајќи дека царинските работи на премините Брњак и Јариње ќе ги извршуваат стручни цариници на Еулекс, во присуство на косовските цариници. Таа додаде дека договорот за царинскиот печат бил последниот елемент што недостасувал за повторно да стапи во сила царинскиот систем, бидејќи Косово, како што рече, од 2000 година е една царинска област. Според неа, неефикасната царина овозможила непречени незаконски работи, посебно на северот на Косово.
XS
SM
MD
LG