Достапни линкови

logo-print

Министерот Сараќини во Вашингтон


Светска банка, Вашингтон

Светска банка, Вашингтон

Министерот за економија Ваљон Сараќини одржа работна средба со делегација на Светската банка, предводена од Џејн Армитиџ, координатор за земјите од југоисточна Европа. Главна цел на состанокот беше взаемно инфомирање за заедничките активности на Министерството за економија и Светската банка, во областа на енергетиката, туризмот и развојот на мали и средни претпријатија преку поддршка на нивната конкурентност. Посебен фокус на состанокот беше ставен врз спроведувањето на Проектот за одржлива енергија ГЕФ, кој има за цел развивање на одржлив пазар за услуги од областа на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија.
XS
SM
MD
LG