Достапни линкови

Нема опасност од прелевање на тензиите


Повторно тензии на северот од Косово.

Повторно тензии на северот од Косово.

Ситуацијата во земјата е мирна и нема опасност од прелевање на тензиите од северот на Косово, велат од МВР.

Ситуацијата во земјава е мирна и будно се следи. Засега нема опасност од прелевање на тензиите, информираат од министерството за внатрешни работи. Портпаролот на македонската полиција, Иво Котевски потврдува дека во моменот не постојат индиции за какви било безбедносни нарушувања во земјава.
Не може директно да ја загрози севкупната безбедност на соседните држави, но може да предизвика во определени региони, конкретно во Македонија, во северозападните делови, определени предизвици по безбедноста на Македонија.

Интензивирањето на тензиите и насилствата на северот на Косово не треба да не загрижува, смируваат и експертите за безбедност. Првиот човек на Балканскиот форум за безбедност, Благоја Марковски, вели дека стравот од прелевање на тензиите на македонската територија е непотребен. Можни се, предупредува Марковски, само локално изолирани инциденти, кои не би ја нарушиле глобалната безбедност.
Стравот од прелевање на тензиите на македонската територија е непотребен, согласни и експертите

„Не може директно да ја загрози севкупната безбедност на соседните држави, но може да предизвика во определени региони, конкретно во Македонија во северозападните делови, определени предизвици по безбедноста на Македонија.“

Шпекулациите и можните сценарија за ново прекројување на границите на Балканот, според аналитичарите, е политичка пропаганда и затворено прашање. Такво нешто не би дозволила Меѓународната заедница, вели Марковски:

„Нема потреба од било каков страв дека би се прекројувала границата, дека Македонија е во некаква специјална ситауација, дека може да дојде до отцепување на дел од Македонија, такво нешто повеќе не постои бидејќи тоа меѓународната заедница нема да го дозволи.“
Веќе имаме нови односи, градење на нова геополитика на Балканот и прекројување на граници е завршена приказна.

Во време кога сите погледи се вперени кон евроатланските интеграции, прекројувањето на границите е потрошена идеја на една политичка комуникација. Границите се меѓународно признати, а она на што треба да се фокусира актуелната влада е градење на добри меѓусоседски односи, вели универзитетскиот професор Назми Малиќи.

„Веќе имаме нови односи, градење на нова геополитика на Балканот и прекројување на граници е завршена приказна затоа што се работи за меѓународни признати граници, посебно во однос Македонија, Србија, Косово, Албанија, Грција.“

Можноста од прекројување на границите како идеја постои и е многу присутна на Балканот. Создавање на етнички чисти држави е еден од концептите кој беше предлаган за разрешување на проблемите во балканските држави кои пак произлегуваат од мултиетничкиот карактер на истите.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG