Достапни линкови

logo-print

Известувачот Хауит - ќе се ангажира за спорот со името


Macedonia - Macedonia-EU Stabilization and Association Council in Brussels - 27Jul2010

Macedonia - Macedonia-EU Stabilization and Association Council in Brussels - 27Jul2010

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент Ричард Хауит очекува есенскиот извештај на Европската комисија да регистрира напредок во земјата. Во интервју за Дојче веле тој изјави дека има желба препораката на Комисијата за почетот на пристапните преговори да остане иста, а одлука за тоа да има на декемврискиот самит годинава.
Тоа, според него, зависи и од работите во Македонија, но и од односот со Грција. Хауит најавува и дека ќе се ангажира во приватни разговори со функционери од Брисел, Стразбур, Атина и Скопје за решавање на спорот за името. Тој в недела доаѓа во Македонија на средби со сите политички фактори, граѓани, бизнисмени и невладини организации, за да собере информации за земјата.
XS
SM
MD
LG