Достапни линкови

Европскиот парламент бара ослободување на белоруски активист


Алес Билатски, познат белоруски активист за човекови права

Алес Билатски, познат белоруски активист за човекови права

Европскиот парламент денеска ја повика Белорусија да го ослободи активистот за човекови права Алес Билатски и стави крај на малтерирањето на неговата организација. Парламентарците во резолуцијта што ја усвоија во Стразбур ја повикаа ЕУ да ја прошири црната листа за забрана на поединци од Белорусија да патуваат во ЕУ како и замрзнување на сретставата на тие што учествувале во апсењето на активистот. Билатски беше уапсен минатиот месец а подоцна обвинет за даночно затајување, случај за кој неговите поддржувачи тврдат дека е политички мотивиран. Тој се соочува со 7- годишна казна затвор.
XS
SM
MD
LG