Достапни линкови

logo-print

ММФ: Економската криза влезе во „ нова опасна зона„


Шефицата на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард денеска предупреди дека економската криза во развиените економии влезе во „опасна нова фаза“ која е предизвикана од лошото политичко раководство. Таа во својот говор во Вашингтон изјави дека „маѓепсаниот круг“ од слабиот економски раст и слабото балансирање со дефицитот се влошува заедно со неодлучноста и политичка динсфукционалност. Лагард повика на храбра и колективна одлучна акција во борба против забавувањето на глобалната економија и влошувањето на евроспката должничка криза. Следната недела ќе се оддржи годишен состанок на ММФ.
XS
SM
MD
LG