Достапни линкови

logo-print

Грција бара од Турција да не прави проблеми на Медитеранот


Грција ја повика Турција да го почитува меѓународното право и да не предизвикува тензии во регионот на Медитеранот.
Анкара најави дека ќе го спречи Кипар да почне истражување за резерви на природен гас во води на источниот дел од Медитеранот без согласност од кипарските Турци. Во соопштението на грчкото министерството за надворешни работи се наведува дека Република Кипар работи во согласност со меѓународното право и основен интерес е мир во регионот.
Владата во Никозија неодамна соопшти дека склучила договор со американска фирма која следниот месец треба да почне со подводни истражувања бидејќи се верува дека во тој дел од Средоземното Море има големи резерви гас. Никозија ги извести ЕУ и ОН за најновите закани на Анкара за спречување на работите сметајќи дека мора во нив да се вклучи и самопрогласената турска држава на север на островот.
XS
SM
MD
LG