Достапни линкови

Со концертот на камерниот хор Проарс во предворјето на црквата Пресвета Богородица во Калишта, започнува 36-то издание на Струшка музичка есен.

Бројни научни трудови од областа на музикологијата, етномузикологијата, музичката педагодија и медијавистиката и овојпат ќе бидат презентирани на традиционалната музичко-научна манифестација СТРУШКА МУЗИЧКА ЕСЕН, што ќе се одржи во деновите од престојниот викенд и која како организатор ја потпишува Сојузот на композиторите на Македонија.
„Мотивите за одржувањето на Струшката музичка есен се всушност оние кои што ги имаме секоја година, а тоа е една исклучително лоша состојба во областа на музичката наука кај нас којашто се рефлектира врз музичката култура и музичкото творештво.

„Мотивите за одржувањето на Струшката музичка есен се всушност оние кои што ги имаме секоја година, а тоа е една исклучително лоша состојба во областа на музичката наука кај нас којашто се рефлектира врз музичката култура и музичкото творештво“, истакнува Марко Коловски, претседател на СОКОМ.

Тој притоа проблемот го лоцира во непостоењето на позначајни проекти од оваа област во Македонската академија на науки и уметности неколку години наназад, во непостоењето на музиколошки институт, во неблагопријатната положба на етномузиколошкиот институт и заклучува дека:

„И кога состојбата би се оладила до крај прашање е дали ние би можеле да се надеваме дека некогаш ќе стигнеме до тоа да имаме историја на македонската музичка култура што е еден императив на секоја држава и култура.“
Прашање е дали ние би можеле да се надеваме дека некогаш ќе стигнеме до тоа да имаме историја на македонската музичка култура што е еден императив на секоја држава и култура.

Инаку, годинава покрај утврдените традиционални тематски содржини, особено внимание дел ќе се посвети и на одбележувањето на јубилеите на македонските композитори кои оставија длабоки траги во развојот на музичкото творештво на овие простори. Ќе бидат одбележани јубилеите - 10 години од смртта на Властимир Николовски и Драган Шуплевски, 100 години од раѓањето на Илија Тодоровски, 90 години од раѓањето на Благоја Ивановски, 80 години од раѓањето на Драган Ѓаконовски-Шпато и Тома Прошев, како и 70 години од раѓањето на Стојан Стојков и Михајло Димовски.

Наедно, ќе се говори и за проблемите и перспективите на современата македонска музика, музикологијата и критиката, педагогијата, афирмацијата на изворната музика и ќе бидат понудени опсервации врз македонското црковно пеење со посебна заложба за старовизантиското пеење во Македонската православна црква.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG