Достапни линкови

Успесите на македонската кошаркарска репрезентација, главна тема во дневните печатени медиуми.

„Македонија во екстаза“, „Одиме по злато“, „Македонско срце за полуфинале“, - ова се само некои од славеничките наслови во сите домашни медиуми кои посветено го следат победничкиот од на нашите кошаркари на Европското првенство во кошарка. Народот се радува, граѓаните се радуваат, патриотизмот јакне, најмногу и најискрено во вакви моменти кога во квалитетот не се мешаат партиите и политиката.
„Македонија во екстаза“, „Одиме по злато“, „Македонско срце за полуфинале“ - ова се само некои од славеничките наслови во сите домашни медиуми.

А на „Кошарката и политиката на злобниот Балкан“, се осврнува Нова Македонија, која забележува: Конечно дојде времето и нас да ни тргне. На општо изнендување и овде и во соседството и пошироко, но ја добивме ли, за возврат, поддршката што ние постојано ја дававме? - прашува весникот, за да одговори негативно, алудирајќи на нашииот обичај да им се радуваме и да навиваме за успесите на спортистите од бившите Ју-републики.

Нов, шести по ред, американски амбасадор во Република Македонија, искусниот Волерс. Дневник забележува дел од неговата изјава дека Волерс не верува во скорешен напредок за решение на името, а Утрински дека: „САД помагаат, а не решаваат“.

Дневник објави ново, инаку прво по јунските избори, истражување во кое забележал дека, цитирам, „Народот се' повеќе и' верува на Владата“. Утрински се обидува да анализира „Како порасна довербата на Владата“, за да констатира дека скандалите на кои укажувала и опозиционата СДСМ, не добиле на гласност, а набиеното темпо на многу нови проекти и по изборите позитивно се одразило на популарноста на власта. Од друга страна, опозициските партии по изборите биле силно критикувани за слабата активност што се одразило и на расположението кај гласачите.
Тркалезна маса на тема „Предизвиците и перспективите на македонскиот медиумски сектор“.

За „Новинарството под стегите на Груевски“, а во врска со најавеното дека Владата ќе почне дебата со новинарската фела за слободата на медиумите, анализира Утрински во една своја колумна, при што се наведува дека Груевски прави општествен преврат кој се изведува по мирен, но не и демократски пат, со силна употреба на популизмот како технологија на владеење.

Само Утрински пишува дека „Кавги ја тресат Комисијата за лустрација“, откако двајца нејзини членови го обвинија незаконскиот претседател Аџиев дека ги крши законите при неговата хајка по поранешните функционери, занемарувајќи ги актуелните.

Вечер, како и другите весници, во наслов го објавува ставот на гувернерот Богов дека „Курсот на денарот останува фиксен“.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG