Достапни линкови

Турција и Кипар во спор поради природен гас


Архивска фотографија

Архивска фотографија

Турција ќе преземе мерки за да ја спречи Кипар да го експлоатира природниот гас во источнниот дел на Медитеранот без согласност од кипарските Турци.
Кипар неодамна ги разграничи економските зони со Израел кој исто така работи на истражувањето на природниот гас.
Владата во Никозија неодамна соопшти дека склуила договор со една американска фирма, која идниот мецес треба да почне подводни дупчења бидејќи се верува дека во тој дел на Средоземно Море има големи резерви на гас.
Во Анкара се закануваат дека ќе го спречат подводното дупчење со образложение дека во работите треба да се вклучи и Турската Република Северен Кипар, признаена само од Турција.
XS
SM
MD
LG