Достапни линкови

Расмусен: НАТО нема да дозволи насилство на Балканот


Заедничката прес конференција на Расмусен и Тачи во Приштина

Заедничката прес конференција на Расмусен и Тачи во Приштина

Генералниот секретар на НАТО Андрес фог Расмусен денеска во Косово изјави дека воената алијанса нема да дозволи балканскиот регион да му се се врати на насилството по зголемените тензии меѓу Косово и Србија околу прашањето за границата. Расмусен е во кратка посета на Приштина пред најавеното стапување во функција на косовските полицајци и цариници на граничниот премин во северниот дел на Косово.
По средбата со косовскиот премиер Хашим Тачи Расмусен изјави дека меѓународниот контигент ќе го оддржува редот во регионот според мандатот што го има. Тој додаде дека мандатот на КФОР е да ја оддржува безбедноста што значи дека КФОР ќе преземе акција доколку е загрозена безбедноста. Расмусен смета дека неодамнешното насилство е лошо за имиџот на Косово и за прогресот кој треба да се постигне.
XS
SM
MD
LG