Достапни линкови

Туристите по „скандалот“ во Бугарија се вратија дома


Руските туристи кои неколку дена заглавија на аеродромот во Бугарија поради скандал со авиокомпанија и туристичка агенција се вртија дома. Ова го соопшти бугарскиот министер за економија Трајчо Трајков. Речиси илјада туристи беа заглавени на аеродромите во Варна и Бургас поради финасискиот спор тежок 3,5 милиони евра меѓу туристичка компанија која е организатор на патувањето и бугарската авиокомпанија. За решавање на спорот беа вклучени и претставници на руската и бугарската влада. Туристичката компанија била принудена да платат повторно за чартер лет за да се вратат дома туристите.
XS
SM
MD
LG