Достапни линкови

Филе ја предупреди БиХ дека може да ги изгуби парите од ИПА фондовите


Еврокомесарот за проширивање Штефан Филе ја предупреди Босна и Херцеговина дека ќе ја прекине програмата за претпристапна помош за 2011 година за земјата, доколку ентитетите на државата не постигнат спогодба за основните прашања, пишуваат босанските медиуми. Властите во БиХ се расправаат веќе неколку месеци за прашањата за одговорноста и улогата на заедниците во овие проекти. Филе изјави дека е подготвен да додели 96 милиони евра доколку се постигне спогодба за проектите во следниве неколку дена и доколку е сигурно дека договорот ќе биде ратификуван, а проектот исполнет. Тој додаде дека во споротивност парите од ИПА фондовите ќе бидат пренасочени за реализирање на регионални проекти.
XS
SM
MD
LG