Достапни линкови

Пакистан остро реагира на американските забелешки за милитантите


Војник на НАТО при нападите во Кабул

Пакистанското министертво за надворешни работи соопшти дека американското предупредување за милитантските групи во Пакистан не е во согласност со антитерористичката соработка на двете земји. Американскиот секретар за одбрана Леон Панета вчера изјави дека САД ќе направи се што е потребно за да ги одбрани американските сили во Авганистан од милитантите чие седиште е во Пакистан. Потпаролот на пакистанското министертво Темина Џајуа изјави дека американските забелешки не се во линијата со соработката што ја имаат овие две земји. Американските власти сметаат дека терористичка оргнизација стационирана во Пакистан е виновна за нападите од врз американската база и седиштетото на НАТО во Кабул при што загинаа 16 луѓе.
XS
SM
MD
LG