Достапни линкови

logo-print

Задржување на фиксниот курс


И според екпертите, засега е подобро Македонија да го задржи фиксниот курс на денарот. Народната Банка ги отфрли предлозите на бизнисмените за флуктуирачки курс.

Македонија треба да го задржи фиксниот курс на денарот, но тоа не е прашање на кое се одговара еднаш засекогаш, согласни се економските аналитичари. Стабилноста на цените, пак, се одржува преку стабилен девизен курс, а поранешните искуства со флуктуирачки курс на денарот само потврдуваат дека истиот може да предизвика пореметувања во економијата, посочува универзитетскиот професор Јован Пејковски.
Бидејќи ако почне да флуктуира курсот тоа ќе ја подгрее инфлацијата, растот на цените, на каматите и сета таа спирала се отвара.

„Бидејќи ако почне да флуктуира курсот тоа ќе ја подгрее инфлацијата, растот на цените, на каматите и сета таа спирала се отвара.“

Потребата од воведување на флуктуирачки курс на денарот ја наметна бизнис заедницата. Иако дел од стопанствениците сметаат дека променливиот курс на домашната валута ќе предизвика повеќе пари за инвестиции и раздвижување на економијата, експертите со став дека тоа е површно гледање на работите.
Гувернерот Димитар Богов категорично ги отфрли предлозите на бизнис заедницата за флуктуирачки курс на денарот

„Се смета нели дека со послаб денар би имале поголема конкурентност, но тоа е многу површно гледање на работите. Ефекти од девалвацијата, денарот имал многу кусо, многу мало влијание, а истовремено треба да имаме предвид дека македонското стопанство е увозно зависно и како такво тоа ќе предизвика многу негативни влијанија. Оние производи кои сакаме да ги направиме конкурентни, поевтини, во себе имаат голема увозна компонента, материјали чија цена ќе порасне“, вели професор Сашо Арсов.
Се смета нели дека со послаб денар би имале поголема конкурентност, но тоа е многу површно гледање на работите. Ефекти од девалвацијата, денарот имал многу кусо, многу мало влијание.

Но, колку е економски оправдано денарот да се врзува со еврото, кое во последниот период се соочува со проблеми? Пејковски укажува дека треба да се биде внимателен околу функцијата и улогата на еврото во иднина, но во моментот и тој и Арсов се согласни дека еврото е најсоодветната валута со која денарот може да се врзе.

„Таа стабилност се одржува во поглед на цените на факторите на производство. Ако се промени курсот, извозниците на изглед ќе добиваат, меѓутоа увозните цени ќе бидат поскапи.“

„Голем дел од нашите меѓународни обврски, обврски на претпријатијата се изразени во евра и оттука се врзуваат со валута чие што евентуално паѓање или качување не би ви погодило, ако вашите обврски се во една валута, а останатите во друга валута, тогаш веќе се наметнува тој момент која од тие две валути да ја изберете“, посочува Арсов.

Најавите дека дел од земјите ќе ја напуштат еврозоната во моментот не треба да не плашат, советува Арсов. Според него, во моментот не постои друга валута која би била сооодветна замена за еврото.

Гувернерот Димитар Богов категорично ги отфрли предлозите на бизнис заедницата за флуктуирачки курс на денарот. Според Централната банка, таквата промена само би ја зголемила инфлацијата и каматните стапки, а би придонела и за загуба на девизните резерви и намалување на животниот стандард на граѓаните.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG