Достапни линкови

Старт на академската година


Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје.

Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје.

Образовните институции се обидуваат да се прилагодат, но стопанствениците се жалат дека постои недостаток од добро подготвени кадри на пазарот на трудот.

Некогаш беше учи за да научиш, денеска важи мотото учи за да работиш. Стопанството бара кадри оспособени да ракуваат со современите технологии и современите начини на работење. Рака на срце, и нашиот образовен систем правеше обдиди да се прилагоди, а агенциите за вработување се жалеа дека од нашите факултети не можат да добијат голем дел од кадрите коишто се најбарани на пазарот на труд. Денеска велат сето тоа бара и исполнување на многу фактори, како се подготвуваат децата уште од дома, а потоа и од професорите да ги прифатат новите предизвици и новите барања на фирмите особено во стопанството.
Тоа не значи дека се уште сме на некое развиено ниво, но мислам дека далеку повеќе се слуша, далеку повеќе се произведува кадар кој што е поприлагоден за приватниот сектор, односно за берзата на трудот.

Дарко Велков, извршен менаџер на „Вработување.ком“, вели дека очекува работите да бидат поттикнати од отварањето на кариерните центри коишто ги поврзуваат универзитетите до стопанството и оттаму слушаат какви кадри му се потребни.

„Тоа не значи дека се уште сме на некое развиено ниво, но мислам дека далеку повеќе се слуша, далеку повеќе се произведува кадар кој што е поприлагоден за приватниот сектор, односно за берзата на трудот.“

Студентскиот правобранител Никола Главинче вели дека воведената задолжителна пракса за студентите според законот како и промената на
Стопанството бара кадри оспособени да ракуваат со современите технологии и современите начини на работење
x
Стопанството бара кадри оспособени да ракуваат со современите технологии и современите начини на работење

програмите со воведувањето на европскиот кредит трансфер систем, на студентите им овозможува во текот на студиите да согледаат како науката е поврзана со практичната примена на знаењата, но дека факултетите сеуште немаат услови и во нивните рамки да ја охрабрат примената на теоријата.

„Она што универзитетите треба да го направат од своја страна според мене, а би било поволно за студентите, тоа е во рамките на своите простории односно во рамките на своите капацитети да овозможат формирање на клинички програми или лаборатории кои што ќе ги користат сите оние фактори кои што се надвор од образовниот процес со цел да се поврзе општествениот сектор со практиката или науката со практиката и на тој начин да се овозможи создавање на еден поквалитетен кадар.“
Има стручно образование кое што е многу понепосредно насочено кон тековната пракса тоа е секаде во светот и тие луѓе штом излегуваат веднаш се вклучуваат во праксата меѓутоа тие не се подготвени за наредниот развој.

Професор Ненад Новковски за многу негативно го смета навраќањето на законското воведување на задолжителната пракса што го смета за крута структура со којашто студентите не се подготвуваат за новите технологии:

„Има стручно образование кое што е многу понепосредно насочено кон тековната пракса тоа е секаде во светот и тие луѓе штом излегуваат веднаш се вклучуваат во праксата меѓутоа тие не се подготвени за наредниот развој.“

Наместо тоа, тој препорачува понепосредно поврзување на универзитетот со праксата во стопанствотот но и одделување на академското знаење кое е неопходно за да се дочекаат подговено и новите технологии, вели Новковски.
XS
SM
MD
LG