Достапни линкови

Прв рок фестивал во Авганистан


Организаторите на рок фестивалот во Авганистан, прв од 1975-та година, соопштија дека тој почнува денеска и ќе трае еден месец и покрај нападот на талибанците во вторникот во Кабул. Предвидени се повеќе концерти и музички работилници, а организаторот Тревис Бирд, изјави за Радио Слободна Европа, дека младите авганистанци, ќе бидат известувани за настаните и местото на одржување во последен момент преку телефонски пораки и социјалните мрежи. Најавени се настапи во Кабул на над 12 рок групи од Авганистан, Пакистан, Иран и Централна Азија.
XS
SM
MD
LG