Достапни линкови

Ештон ја продолжува посетата на Блискиот Исток


Шефицата за надворешна политика на Европската Унија, Кетрин Ештон, ја продолжи посетата на Блискиот Исток заради дополнителни разговори околу намерата на палестинците да бараат признавање на државност во Обединетите Нации. Предвидено е Ештон да оствари нови средби со израелските и палестинските лидери во последен обид да се обноват мировните преговори. Европската Унија е најголемиот донатор на палестинците, но земјите членки се поделени околу признавањето на палестинска држава.
XS
SM
MD
LG