Достапни линкови

Интер со неочекуван пораз во Лигата на Шампиони


Во групната фаза на Лигата на Шампионите при стартот на новата сезона фудбалскиот клуб Интер претрпе шокантен пораз од Трабзон, кој влезе во шампионатот откако турскиот првак Фенербахче беше отстранет поради скандал со местење на натпревари. Во другите натпревари Манчестер Јунајтед одигра нерешено 1:1 со Бенфика во Португалија, а со сличен епилог заврши и натпреварот меѓу ЦСК Москва и Лил со резултат од 2: 2, а Базел успеа да го победи ромаскиот тим Отелул Галати со 2 спрема 1.
XS
SM
MD
LG