Достапни линкови

logo-print

Премиера на „Метох“


Филмот е сниман во манастирите Свети Јован Бигорски и Свети Ѓорѓи Победоносец во Рајчица крај Дебар и говори за секојдневието на монашката заедница.

Филмот е сниман во манастирите Свети Јован Бигорски и Свети Ѓорѓи Победоносец во Рајчица крај Дебар и говори за секојдневието на монашката заедница.

Во манастирот Свети Јован Бигорски, пред огромен број посетители, се случи македонската премиера на документарниот филм Метох на режисерот Стојан Вујичиќ.

„Метох“, 20-минутниот документарец на режисерот Стојан Вујичиќ, кој е сниман во текот на 2010 година во македонските манастири Свети Јован Крстител, познат како Бигорски и во женскиот Свети Ѓорѓи Победоносец во Рајчица крај Дебар, говори за секојдневието на овдешната монашка заедница и за мотивите што ги инспирирале некои од нејзините членови да донесат одлука за замонашување. Наедно во него е претставен начинот како се иработуваат познатите епископски капи, таканаречените митри, а кои ги носат владиците од многу православни земји.
Некако го примија филмот како, еве сега видовме дека целата онаа радост и среќа што се огледува во филмот и за која самите монаси и монахињи зборуваат за неа, дека тоа не се луѓе кои што се кријат позади некакви ѕидини, туку уживаат, среќни се со Бога и живеат со Бога.

Всушност, филмот порачува дека животот не е само она што секојдневно го гледаме, а потсетувајќи се на атмосферата од македонската премиера на делото режисерот Вујичиќ ќе забележи:

„Некако го примија филмот како, еве сега видовме дека целата онаа радост и среќа што се огледува во филмот и за која самите монаси и монахињи зборуваат за неа, дека тоа не се луѓе кои што се кријат позади некакви ѕидини, туку уживаат, среќни се со Бога и живеат со Бога... ете таа радост и среќа успеаа да се пренесе и на останатите.“

„Метох“ е сниман по идеја на Викторија Стефковска, продуцент беше Огнен Антов, а во неговата реализација учествуваа Езоп продукција и Дрим фектори. Филмот деновиве ќе биде прикажан и во Марков манастир крај Скопје, а потем започнува и неговото патешествие по фестивалите низ светот.
По преданијата постоел змеј којшто се криел и крадел девојки, меѓутоа најбитната работа со него е дека ако успее да ја фати ламјата на територијата на Македонија ќе добиме просперитет.

„Најблиску до сега е можеби еден фестивал кој се одржува во Азија и во азиските делови, значи во Катманду, така што мене крајно интересно ќе ми биде да однесам еден филм со христијански вредности на тло каде будизмот е многу поприсутен.“

Инаку, Вујичиќ кој е автор и на делата Крајот на светот е и почеток на светот, Дишењето ме одржува, а работел и како продуцент и директор на фотографија на повеќе остварувања, мометално е фокусиран на завршувањето на филмот Што е љубов? инаку сниман на неколку континенти со луѓе од 40-тина нации и посебно на приказната за македонскиот змеј.

„По преданијата постоел змеј којшто се криел и крадел девојки, меѓутоа најбитната работа со него е дека ако успее да ја фати ламјата на територијата на Македонија ќе добиме просперитет. Така го замисливме како комплетна мултимедијална проекција.“
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG