Достапни линкови

logo-print

Италија изгласа мерки за штедење


Долниот дом во италијанскиот пaрламент ги изгласа владините предлог-мерки за штедење со кои Италија треба да заштеди 54 милијарди евра. Владата на премиерот Силвио Берлускони се надева дека со овие мерки ќе се намали дефицитот до 2013 -та година со што ќе се одбегне финансиска криза во земјата. Европската Унија и Европската Централна Банка ја притискаат Италија да преземе мерки за да не ја снајде судбината на Грција. Економските проблеми во Грција, Португалија, Шпанија и Ирска го покренаа прашањето за способноста на еврото да преживее.
XS
SM
MD
LG