Достапни линкови

Лукашенко помилува 11 притворени демонстранти


Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска помилува 11 притворени демонстранти кои речиси 9 месеци поминаа во притвор минатогодишните протести. Лукашенко изјави дека помилувањето е од „хуманитарни причини“.Пред неколку недели претседателот помилува и 13 други демонстранти, но во затвор се уште се тројца опозициски политичари кои на последните избори беа кандидати за претседател. Помилувањето на демонстратите доаѓа по засилените санкции од Западните земји против Белорусија.
XS
SM
MD
LG