Достапни линкови

Тачи: Србија се подготвува за насилство


1

1

Косовскиот премиер Хашим Тачи денеска ја обвини Србија дека планира насилно да го спречи планот на властите да ја преземат контролата на двата гранични премини. Тачи додаде дека косовските власти ќе почнат в петок со спроведување на планот иако Србија се подготвува, како што вели, „да предизвика насилство“. Вчера српскиот претседател Борис Тадиќ предупреди дека косовскиот план може да предизвика тензии. Косовските власти тврдат дека планот за поставување на косовски полицајци и цариници на двата гранични премини во северниот дел на Косово е поддржан од мисијата на ЕУЛЕКС и НАТО.
XS
SM
MD
LG