Достапни линкови

Изралеците со предупредување за „ груби последици“ до Палестинците


Израелскиот министер за надворешни работи Авигор Либерман

Израелскиот министер за надворешни работи Авигор Либерман

Израелскиот министер за надворешни работи Авигдор Либерман денеска предупреди дека доколку палестинците продолжат со нивниот план да бараат членство во Обединетите Нации , ќе има „груби и тешки последици“. Тој не објасни за какви последици станува збор.Палестинските власти планираат на 20 септември планираат да поднесат официјално барање за да станат 194-та членка на Обединетите Нации и покрај противењето на САД и Израел. Соединетите држави најавија дека ќе стават вето на барањето , затоа што сметаа дека палестинската држава треба да се создаде само со преговори. Специјалниот претставник на САД во Блискиот Исток Дејвид Хејл во следниве два дена треба да се сретне со палестинкиот претседател Махмуд Абас и изреалскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
XS
SM
MD
LG