Достапни линкови

logo-print

Задолжувањето станува опасно


Економииите што се задолжуваат не се на добар пат, покажуваат европските примери

Економииите што се задолжуваат не се на добар пат, покажуваат европските примери

Економистите предупредуваат на опасност од задолжувањето на државата. Минатата недела беа позајмени 59 милиони евра, а вчера дополнителни 22,5 милиони евра.

Економииите што се задолжуваат не се на добар пат. Ова го покажуваат европските примери со развиените земји. Во случајот со Македонија којашто не спаѓа во развиените економии состојбата е уште поопасна. Опасноста потекнува уште повеќе од тоа што владите во земјава не размислуваат одговорно и за иднината туку само до следните избори се трудат да покажат привид на располагање со пари, вели професор Никола Поповски.
Сервисирањето на тој долг создава тешки последици во иднина кога ќе треба дел од девизните средства да ги насочувате наместо во развој, во увоз, во производство, кон отплаќање на долговите, значи ќе имате проблеми.

„Сервисирањето на тој долг создава тешки последици во иднина кога ќе треба дел од девизните средства да ги насочувате наместо во развој, во увоз, во производство, кон отплаќање на долговите, значи ќе имате проблеми, меѓутоа исто така и домашното задолжување да го контролира, затоа што тоа задолжување извлекува пари од приватниот сектор“, појаснува Поповски.
Ако продолжи задолжувањето на државата кај домашните банки ќе продолжи и неликвидноста на стопанството, предупредуваат стопанствениците
x
Ако продолжи задолжувањето на државата кај домашните банки ќе продолжи и неликвидноста на стопанството, предупредуваат стопанствениците

Ако продолжи задолжувањето на државата кај домашните банки ќе продолжи и неликвидноста на стопанството, предупредуваат стопанствениците, што економијата ќе ја држи уште долго во стагнација. Состојбите по континуираното задолжување на државата кај банките коешто трае веќе подолг период ја креира сегашната состојба во која компаниите се во големи меѓусебни долгови, а владата им должи на компаниите што се повеќе ги исцрпува.

„Дел банкротираат, дел се на работ на рентабилност, имате од каде да побарувате средства и сте солвентни, меѓутоа не сте ликвидни, немате пари, не може да баратете со сопствните пари и тоа ве кочи, ве кочи во развој, во инвестиционен циклус, во работење“, појаснува потпретседателот на Стопански комори на Македонија, Мирче Чекреџи.

Државата се задолжува од немајкаде, за да подмири одредени социјални обврски и да спречи социјални проблеми, додаваат експертите, што упатува на потребата од реформи на фискалната политика. Буџетскиот дефицит е во делот на урамнотежените, но недостасуваат капитални инвестиции коишто ја потпомагаат економијата.
Дел банкротираат, дел се на работ на рентабилност, имате од каде да побарувате средства и сте солвентни, меѓутоа не сте ликвидни, немате пари.
Сојузот на стопански комори веќе подолг период бара и од Владата делот од буџетот наменет за капитални инвестиции задолжително да се потроши во тековната година. Во иднина, вели Чекреџи кога и да е ќе мора да се повлечат и други потези кои се однесуваат на разходната страна на буџетот.

И покрај намалената каматна стапка за своите долгови, државата продолжува да се задолжува кај домашните банки. Така, минатата недела се задолжи со 59 милиони евра, а вчера позајми уште 22,5 милиони евра. Во меѓувреме доспеваат долговите. Мини корекцијата на државната каса покажа дека Фондовите се прилично испразнети и кај нив мора редовно да се префрлаат пари за да продолжи исплатата на пензиите и на другите надоместоци.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG