Достапни линкови

Оптимизам пред четвртфиналето со Литванија


Македонските кошаркари вечерва против домаќинот Литванија

Македонските кошаркари вечерва против домаќинот Литванија

Македонските кошаркари вечерва го играат најзначајниот натпревар - против домаќинот Литванија ќе се борат за влез во полуфиналето.

Македонската кошаркарска репрезентација денеска го игра најзначајниот натпревар во својата историја. По обезбеденото осмо место на Европското првенство во Литванија, вечерва од 20 часот во Каунас, против домаќинот ќе се бориме за влез во полуфиналето. И поради квалитетот, а уште повеќе поради домашниот терен, Литванија е фаворит. Сепак, тоа не значи дека македонската јавност не верува во нашите спортски херои.
Клучот на успехот ќе биде да ја умртвиме играта на Литванците, тоа што е наш најголем квалитет во досегашниот дел од првенството. Играме одлична одбрана со помош, го затвораме рекетот, а мислам дека тоа е клучниот момент кој што треба да го исконтролираме против Литванија.
Напротив, тие докажаа дека можат да се носат со секого, поради што речиси сите очекуваат победа. Тоа е случај и со еден од ретките македонски тренери кои работеле во странство, Боби Митев, кој е убеден дека избраниците на селекторот Марин Докузовски се доволно искусни за да го издржат притисокот од публиката, па и евентуалната судиска помош за Литванците. А, кога е во прашање играта на теренот:

„Клучот на успехот ќе биде да ја умртвиме играта на Литванците. Тоа што е наш најголем квалитет во досегашниот дел од првенството. Играме одлична одбрана со помош, го затвораме рекетот, а мислам дека тоа е клучниот момент кој што треба да го исконтролираме против Литванија. Доколку успееме да ја умртвиме играта, да не го дозволиме контранападот на Литванците, а притоа да ги напаѓаме точно на одредени мести каде што тие имаат слабост, а слабоста им е под кошевите, мислам дека имаме огромна шанса.“

Митев, во досегашната кариера работеше во Нимбург, полскиот Туров, рускиот Локомотив, германската Алба и во МЗТ Скопје, а беше и скаут на Олимпија и на Црвена Звезда. Според него, нашите шанси за победа вечерва ќе бидат поголеми доколку настапи повредениот Тодор Гечевски, во што тој не се сомнева. Сепак, напоменува дека не треба да има разочарување ако не се бориме за медал, бидејќи огромен успех ќе биде и шестото место, за директен пласман на наредното Европско првенство и квалификации за Олимписките игри во Лондон, а за што имаме реални шанси.
За победа и успех е и поминување понатаму, сите се надеваме и со големо срце и радост го очекуваме.

„Очекувам добар натпревар и сум оптимист дека ќе победиме меѓутоа и ако не победиме мислам дека не треба да биде ништо страшно, потоа мислам дека се сретнуваме во борбата за петтото место со Словенија и тука мислам дека е нашата шанса да бидеме пласирани од првото до шестото место“, додаде Боби Митев.

Кога станува збор пак за љубителите на спортот, тие немаат дилеми, Македонија ќе игра во полуфиналето на Еуро.

Жена сум во години, но доаѓам за секој натпревар овде на плоштадот Македонија, навиваме со младите и се надевам дека ќе ни го осветлат образот.

„За победа и успех е и поминување понатаму, сите се надеваме и со големо срце и радост го очекуваме.“

„За мене е дури подобро со Литванија што ќе играат отколку со Србија, бидејќи со Србите ако ништо друго менталитетот ќе не победеше, а вака со Литванија постегнато ќе играат, може и да пројдат.“

„Ние може да освоиме и прво место, ќе ги „тепаме“ и Литванците, само напред.“

„Очекувам да бидат борбени, да дадат се од себе, бидејќи навистина станаа херои на Македонија. Жена сум во години, но доаѓам за секој натпревар овде на плоштадот Македонија, навиваме со младите и се надевам дека ќе ни го осветлат образот“, изјавија анкетираните граѓани.
XS
SM
MD
LG