Достапни линкови

Во напад на курдски бунтовници убиен турски полицаец


Турски полицаец бил убиен, а друг повреден во напад на курдските бунтовници доцна синоќа во Источна Турција. Инцидентот се случил во градот Пазарџик. Бунтовници од Курдската работничка партија вооружени со автомати, пукале врз полициското возило, откако на место убиле еден од полицајците во возилото, соопшти претставник на локалните власти. Во тек е операција за пронаоѓање на напаѓачите. Курдската работничка партија ова лето ги активира нападите врз турски војници и полицајци.
XS
SM
MD
LG