Достапни линкови

Мудис им го намали рејтингот на три француски банки


Агенцијата Мудис денеска објави дека им го намали рејтингот на три врвни француски банки поради нивната изложеност на грчката финансиска криза. Станува збор за Кредит Акрикол, Сосиете женерал и БНП Парибас. Акциите на овие банки во последниве неколку недели бележат пад поради турбуленциите што ги предизвикува грчкиот долг во еврозоната. Овој потег кој веднаш предизвика дополнителен пад на вредноста на еврото, доаѓа во пресрет на за денеска закажаните разговори меѓу грчкиот премиер Јоргос Папандреу, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Никола Саркози.
XS
SM
MD
LG