Достапни линкови

logo-print

Во Македонија генерално се почитуваат верските слободи


Американскиот Стејт департмент го изададе најновиот Извештај за верските слободи во скоро 200 земји во светот. Во Извештајот се оценува дека македонската влада генерално ги почитува религиозните права и слободи, како според законот, така и во практика. Притоа, меѓу другото, се констатира и тоа дека некои групи имаат поплаки за политичко влијание врз процесот за нивно регистрирање. Во Извештајот во кој се покрива периодот од јули до декември лани, најголема загриженост за ситуацијата со верските слободи има во Иран, Узбекистан, Кина и Бурма, по што следат Авганистан, Ирак, Пакистан, Русија и Таџикистан.
XS
SM
MD
LG