Достапни линкови

Ердоган во посета на Тунис


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денеска, во рамките на неговата турнеја по арапските земји кои годинава беа зафатени со нереди по што дојде до смена на тамошните власти, престојува во Тунис. Тој вчера во Каиро, на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Арапската лига го поддржа очекуваното барање до Генералното собрание на Обединетите нации за признавање на Палестина. Гласањето за Палестинска држава е обврска, изјави Ердоган кој го обвини Израел дека го попречува мирот на Блискиот Исток. Ердоган утре ќе престојува во Либија.
XS
SM
MD
LG