Достапни линкови

Клинтон-нападите од Талибанците не не плашат


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека Вашингтон не е заплашен по нападите од страна на Талибанците во авганистанскиот главен град, при што девет луѓе загинаа а повеќе од 20 се повредени.
Таа изјави дека Талибанците и нивните сојузници постојано се обидуваат да го поткопаат мирот и напредокoт на авганистанскиот народ. Клинтон вели дека САД ќе продолжат да права сé што може за да ми овозможат на авганистанскиот народ подобра иднина.
Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен изјави дека нападите имале за цел да му наштетат на планот за предавање на грижата за безбедноста на авганистанските безбедносни сили. Во вчерашниот напад, беа погодени американската амбасада во Кабул , седиштето на НАТО и други објекти во центарот на главниот град на Авганистан. Имаше и три самоубиствени бомбашки напади врз авганистанската полиција на периферијата од градот.
XS
SM
MD
LG