Достапни линкови

Јеремиќ-Нигерија не го признала Косово


 Шефот на српската дипломатија Вук Јеремиќ

Шефот на српската дипломатија Вук Јеремиќ

Шефот на српската дипломатија Вук Јеремиќ ја демантирал информацијата на кабинетот на косовскиот вицепремиер Беџет Пацоли дека Република Нигерија го признала Косово.
„Пацоли како и вообичаено не ја зборува вистината. Нашиот амбасадор во Нигерија беше примен од нигериските авторитети кои го информирале дека Нигерија не го променила ставот во врска со едностраното признавање на независноста на Косово“, изјави Јеремиќ.
Пацоли, според албанските медиуми, синоќа, за една косовска телевизија нагласил дека Нигерија и официјално го признала Косово, а тоа го потврдија и од неговиот кабинет. Тој најави дека тоа ќе го сторат уште најмалку 12 други африкански држави.
XS
SM
MD
LG