Достапни линкови

logo-print

Курди упаднале во зградата на Советот на Европа во Стразбур


курдскиот лидер Абдула Оџалан.

курдскиот лидер Абдула Оџалан.

Околу 50 Курди вчера упаднале во зградата на Советот на Европа во Стразбур, барајќи ослободување на курдскиот лидер Абдула Оџалан. Приврзаници на Курдската работничка партија (ПКК) се собрале пред зградата „Агора“, која е дел од комплексот на Советот на Европа во Стразбур. Курдите упаднале во зградата „Агора“, извикувајќи „Слобода за Оџалан“, „Солидарност за курдскиот народ“ и поставиле знаме со ликот на затворениот лидер. Според официјални претставници, Советот на Европа сака да преговара за мирно решение со учесниците на протестите, но дека нема да има разговори под притисок.
XS
SM
MD
LG