Достапни линкови

logo-print

Итна помош и во помалите општини


И помалите општини со итна мединцска помош

И помалите општини со итна мединцска помош

Дебар доби итна медицинска помош во рамки на проектот за формирање на вакви служби во помалите општини во државата.

Во рамките на втората етапа од основањето на службите за итна медицинска помош и во помалите општини во Република Македонија, служба е формирана и во Дебар во состав на Здраствениот дом. Министерот за здравство, Никола Тодоров, за време на престојот во Дебар оцени дека формирањето на овие служби за итна медицинска помош ќе овозможи целосна здравствена заштита и во помалите средини, а особено во руралните населени места.
Продолжуваме со овој проект и ќе отвориме вакви служби и во помалите градови како што се Делчево, Берово, Пехчево, Виница и други општини јасно и оваа служба што веќе стартуваше во Дебар.

„На територијата на Република Македонија има вкупно 185 тимови за итна медицинска помош. Продолжуваме со овој проект и ќе отвориме вакви служби и во помалите градови како што се Делчево, Берово, Пехчево, Виница и други општини јасно и оваа служба што веќе стартуваше во Дебар. Станува збор за формирање на вакви служби кои во 2008 година по одредените активности, останаа без итна медицинска помош“, нагласи министерот Тодоров.

Овие служби за итна медицинска помош имаат регионални ефекти, така што тие ќе бидат рационално користени, вели градоначалникот на Дебар Аргетим Фида.

„Стартот на оваа служба нема да создава проблем на другиот медицински персонал со кој до сега се покриваше теренот. Сега има услови за брз третман на итните случаи не само во општина Дебар туку и во општините Центар Жупа и Маврово-Ростуше“, нагласи Фида.
Сега има услови за брз третман на итните случаи не само во општина Дебар туку и во општините Центар Жупа и Маврово-Ростуше.
Општина Дебар и соседните општини до сега имаа големи проблеми со болните особено во селските населени места, објаснува директорот на Здравствениот дом во Дебар Илбер Кокале.

„Оваа служба беше многу потребна на нашиот град и нашите села. До сега имаше случаи кога и не можевеме навреме да одговориме на барањата за интервенција. Отсега мислам дека ќе бидеме во состојба да одговориме целосно на барањата на болните“, според програмата за работа на оваа служба, таа ќе ги покрива целосно градот Дебар и над 40-тина селски населени места во општините Дебар, Центар Жупа и Маврово-Ростуше.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG