Достапни линкови

ЕК забрзува со исплата на помошта за Грција


Европската комисија денеска најави дека планира да ја забрза исплатата на помошта за Грција во висина од околу 7,7 милијарди евра, претходно доделена за потребите за модернизација на економијата на земјата во периодот до 2013 година. Портпарол на Комисијата Оливие Бејли, изјави дека станува збор за помош на Грција наменета да ги одреди мерките неопходни за обезбедување на финансиска одржливост, како и одржливост на еврозоната. Тој нагласи дека износот од 7,7 милијарди евра е наменет за проекти чија реализација е запрена, но може повторно да се стартува.
XS
SM
MD
LG