Достапни линкови

Протести во Сирија против руското вето во ОН


Антивладините демонстранти во Сирија денеска оддржале протест против Русија поради поддршката на Кремљ за сириската влада и претседателот Бараш Ал Асад. На протестите наречени „ден на гневот“ биле запалени руски знамиња во градовите Хомс и Дара. Русија и Кина ставија вето на барањето на западните земји да се донесе резолција за санкции кон сирискиот режим во Советот за безбедност во Обединетите нации. Во меѓувреме турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денеска во Египет изјави дека стравува оти настаните во Сирија може да ескалираат во граѓанска војна.
XS
SM
MD
LG