Достапни линкови

Ердоган: Израел не ги разбира промените во арапскиот свет


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган во Египет

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денеска во Каиро изјави дека е загрижен за Сирија и настаните кои можат да доведат до граѓанска војна. Тој побара унапредување на стратешко партнерство на Турција со Египет и интензивирање на економските врски. Ердоган во интервју за египетски весник изјави дека Израел во целост не ги разбрал промените кои настанале во арапскиот свет. Предвидено е Ердоган да ги посети Тунис и Либија.
XS
SM
MD
LG