Достапни линкови

Папандреу: Европа има способност да го заштити еврото


Грчкиот премиер Јоргос Папандреу ги повика пратениците од владејачката партија ПАСОК и грчкиот народ да дадат „категоричен национален одговор“ на тие кои го стават под знак прашалник членството на Грција во еврозоната.

„Сега е време Европа да покаже дека постои и има способност да го заштити еврото“, истакна Папандреу додавајќи оти одлуката на лидерите од еврозоната донесена на 21 јули е задолжителна и оти треба да биде поддржана од сите земји-членки.
Сега е време Европа да покаже дека постои и има способност да го заштити еврото.

Тој наведе дека Европа се соочува со криза на системот, додека евроскептицизмот е во пораст.

„Сите препреки ќе бидат надминати со нашата одлучност. Има некои кои сакаат Грција да излезе од еврозоната и во исто време многумина се залагаат за политичка и економска пропаст на земјата. Има и други кои си ги зедоа парите од земјата и сакаат таа да банкротира и да ја напушти еврозоната“, посочи Папандреу.

Тој истакна оти наводите за евентуалното излегување на Грција од еврозоната негативно влијае врз банките и инвеститорите, како и врз секоја држава
XS
SM
MD
LG