Достапни линкови

logo-print

Турција заедно со Србија, Црна Гора и БиХ во ЕУ


Министерот за европски интеграции на Турција Егемен Багиш смета оти е можно неговата земја, заедно со Србија, Црна Гора и БиХ, да стапи во ЕУ.
Тој за виенскиот весник „Курир“ изјави дека на Србија, Црна Гора и БиХ повеќе им треба ЕУ отколку на Турција.

„Ние сега би биле шеста економска сила во Европа“, оцени Багиш.

Тој укажа дека Турција и покрај одолговлекувањето од Брисел, продолжува со процесот на реформи, но оти „одделни политички лидери во Европа“ немаат никаква визии за иднината на Европа и дека случајот на Турција го користат за внатрешно политички цели.
XS
SM
MD
LG