Достапни линкови

Новиот амбасадор на САД ги предава акредитивите на Иванов


Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Македонија Пол Волерс. Вчера Волерс, по предавањето на копиите од акредитивите на министерот за надворешни работи Никола Попоски, ги поздрави одличните политички односи, како и континуираниот политички дијалог меѓу двете држави, повторувајќи ја цврстата и принципиелна американска поддршка за Евроатлантските интегративни процеси на Македонија. Во тој контекст, Волерс ја истакнал подготвеноста на американската страна да и помогне на Македонија да ги достигне своите цели.
XS
SM
MD
LG