Достапни линкови

Обама: палестинското барање независност нема да го реши проблемот


Барак Обама

Барак Обама

Настојувањето на Палестинците да издејствуваат признавање на независноста на нивната држава во ОН претставува „диверзија“ која нема да го реши проблемот на судирите на Блискиот исток, изјави американскиот претседател Барак Обама. Прашањето нема да се реши без спогодба меѓу Израел и Палестинците, рече Обама, додавајќи дека тоа што ќе се случува во Њујорк ќе го привлече вниманието на медиумите, но ситуацијата на теренот нема да се промени ако двете страни не разговараат.
Палестинското раководство потврди дека има намера да поднесе барање за пристапување во ОН за време на редовното годишно заседание на Генералното собрание, на 20 септември во Њујорк. САД меѓутоа укажаа дека на таа иницијатива ќе се противстават со вето во Советот за безбедност на ОН.
XS
SM
MD
LG