Достапни линкови

logo-print

Гадафи најави борба до победа


Поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи изјави дека нема друг избор освен да се бори до победа. Во пораката која ја емитувала ТВ-станицата Араји, со седиште во Сирија, тој истакна дека не може уште еднаш да им се препушти Либија на колонизаторите. Не ни преостанува ништо друго освен борба до победа и поништување на државниот удар, рече Гадафи.
Во меѓувреме, организацијата за човекови права Амнести интернешнел соопшти дека двете страни на судирот во Либија извршиле воени злосторства и предупреди дека може да продолжи серијата напади и одмазди, доколку таму наскоро не биде воспоставен ред.
XS
SM
MD
LG