Достапни линкови

Серж Брамерц во посета на Србија


Серж Брамерц

Серж Брамерц

Главниот обвинител на Хашкиот трибунал Серж Брамерц денеска во Белград ќе разговара со српскиот претседател Борис Тадиќ и со други официјални претставници на оваа земја за време на првата посета по апсењето на двајцата последни обвинети за воени злосторства Ратко Младиќ и Горан Хаџиќ. Брамерц, кој од вчера престојува во Србија, ќе се сретне и со членовите на акциониот тим и припадниците на оперативните служби кои успешно ја завршија потрагата по Младиќ и Хаџиќ.
Покрај честитките за апсењата, Брамерц, според агенциите, ќе се интересира за тоа како било можно двајцата уапсени толку долго да се кријат и кој им помагал во тоа.
XS
SM
MD
LG