Достапни линкови

logo-print

Семејството Нешковски со приватна библиотека


10.000 книги изнесува фондот на приватната библиотека на семејството Нешковски од Тетово.

Наместо злато, пари или материјални средства, млада невеста кај семејството на нејзиниот сопруг за кој се омажила, како мираз си донела ковчег полн со книги. Ова е приказната која ја раскажуваат тетовци, а која се случила некогаш во минатото. Денес, иако времињата се сменети, постојат се уште такви вљубениците во пишаниот збор кое своето богатство го мерат со прочитани книги или пак богати семејни библиотеки.
На сите нас уште како деца ни е всадена љубовта кон книгата со тоа сме растеле, со тоа сме живееле, таа љубов ја имаат и нашите деца и продолжуваат да купуваат и да читаат.

10.000 книги изнесува фондот на приватната библиотека на семејството Нешковски од Тетово. Имаат книги со најразлични жанрови, ретки примероци кои не можат да се најдат во градските библиотеки, ни и оригинални дела на македонски дејци. Библиотека е стара речиси еден век, а сестрите Василка и Светлана ја наследиле од нивната баба, која на почетокот имала околу 1.500 книги. Љубовта кон пишаните дела, со текот на годините ја зголемија библиотека со импозантен број на книги, а традицијата за читање ја продолжуваат и помладите генерации појаснува, Василка Бачоска:
Илустрација.
x
Илустрација.

„На сите нас уште како деца ни е всадена љубовта кон книгата со тоа сме растеле, со тоа сме живееле, таа љубов ја имаат и нашите деца и продолжуваат да купуваат и да читаат.“

Поради недостиг на простор, дел од книгите од оваа приватна библиотека се сместени кај Василка, останатите се кај нејзината сестра Светлана.

„Првенствено ми е книгите да ми бидат средени, а за другите украси и такви работи, тие се депонирани некаде додека книгата не добие вистинско место.“
Првенствено ми е книгите да ми бидат средени, а за другите украси и такви работи, тие се депонирани некаде додека книгата не добие вистинско место.

За разлика од порано книгата е сега многу подостапна и со многу пониска цена. Светлана Нешовска Николовска се потсетува како во 60-тите години нивната приватна библиотека од страна на професорите, била посочувана како место каде учениците можеле да најдат комплетна литература.

„Професорите, особено професорот Ацо Костовски познат кај тетовчани како Ацо Гуштер, секогаш ќе препорачаше не одете во библиотека туку одете кај Борис Нешовски, мојот татко затоа што тој ќе им дадеше комплетна литература, критики за делата, па дури и времето ако треба да се обработи, за тоа навистина да биде убава матурска тема.“

Сопствениците на приватната библиотека планираат целосниот фонд на книги да го сместат на едно место, на тој начин книгите ќе можат да им бидат достапни на сите граѓани.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG