Достапни линкови

Експлозија во нуклеарна централа во Франција


Француските власти соопштија дека се случила експлозија во нуклеaрната централа во Јужна франција. При експлозијата еден човек загинал а тројца се повредени. Француската агенција за нуклеарна безбедност соопшти дека нема опасност од нуклеарна радијација. Експлозијата се случила во близина на печка во Центарот за складирање на нуклеарен отпад во близина на градот Маркул во јужниот дел на Франција. На само 20 километри од експлозијата се наоѓа туристичко место кое во овој период од годината изобилува со туристи.
XS
SM
MD
LG