Достапни линкови

logo-print

Грчкиот дефицит повторно над дозволеното


Европската комисија денеска соопшти дека грчкиот дефицит за 2011 година ќе остане на 9,5 проценти од бруто домашниот производ што е повисок од претходно предвидениот од 7,6 проценти. Грција смета дека лимитот за дефицит треба да биде ревидиран затоа што последиците од рецесијата годинава се далеку полоши од што се очекувало.Во извештајот на комисијата е предвидено дека дефицитот и наредната година нема да биде помал од 9,3 проценти што е далеку повисок од претходно планираниот. Грција доколку сака да се спаси од банкрот, треба да спроведе програма за штедење за да може да овозможи проток во земјата на меѓународните заеми за спас во вредност од 219 милијарди евра .
XS
SM
MD
LG