Достапни линкови

logo-print

Бензинот повторно поскапе


Бензините од утре поскапуваат за три денари, а дизел горивата за два, односно 2,5 денари по литар. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергатика новата цена на Еуросупер БС-95 изнесува 80, а на Еуросупер БС-98 ќе чини 81,5 денари за литар a цената на Еуродизел се зголемува за 2 денари за литар и ќе чини 68 денари. Како причина за зголемувањето на цената на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 4,83 отсто повисоката просечна цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатите две недели и за 0,66 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.
XS
SM
MD
LG